Хан: Регионот треба да го следи примерот на Северна Македонија
Целиот регион на Западен Балкан треба да го следи примерот на Северна Македонија и треба да ги забрза реформите, особено во сферата на владеењето на правото, почитувањето на човековите права и доброто извршување на власта, изјави денеска на еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на Самитот за Западен Балкан во полскиот град Познањ.
Тој нагласи дека ЕУ мора да ги почитува своите ветувања и да ја награди „земјата што постигна историски напредок“, оценувајќи дека не наградувањето на објективниот напредок ќе го наруши кредибилитетот на Унијата.
– Стојам зад препораката на Европската комисија за започнување на преговорите за членство во Албанија и Северна Македонија и сметам дека Советот на ЕУ во октомври ќе ја потврди нашата позитивна оценка. Двете земји спроведоа реформи, особено во сферите наведени во заклучоците на Советот од јуни 2018, изјави Хан.
Еврокомесарот нагласи и дека земјите од Западен Балкан во наредните години и натаму ќе можат да сметаат на поддршка од ЕУ во спроведувањето на реформите преку програмата ИПА 3, за која во следниот период е предвидено зголемување на средствата за 13 проценти.
Хан потенцира дека економиите на земјите од Западен Балкан се веќе силно поврзани со ЕУ, на што укажува фактот дека над 70 проценти од трговската размена на регионот е со државите од Унијата.
– Со отстранување на сообраќајните тесни грла, ќе се намали времето за патување на граѓаните, како и трошоците за транспорт на бизнисот. Тоа ќе му овозможи на регионот уште подобро да го искористи својот економски потенцијал, оцени Хан.
Ново на Сител
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење
-
Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство
-
Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, со 11,7 милиони евра обновени 24,4 километри