Хан: Планот на Берлин за Западен Балкан не е замена за членство, туку посветеност
Планот на Берлин за Западен Балкан, агендата „Берлин плус“, не е замена за членство во Европската унија, туку само показател за силната посветеност на земјите членки, а особено на Германија, за понатамошните инвестиции и ангажмани во регионот, изјави денеска еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Хан, по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласи дека е благодарен на секоја идеја што може да им помогне на земјите од Западен Балкан, додавајќи дека би бил уште поблагодарен кога тоа не би било само идеја, туку кога би биле употребени одредени финансиски средства.
- Мило ми е што слушам за постоењето на такви идеи и се радувам на новите прилики со кои тоа може да се финансира. Важно е да се насочат инвестициите во вистинскиот правец, со цел тие да не се рашират во различни насоки, наведе Хан.
Еврокомесарот потенцираше дека е важно планот на Берлин да покрене нови инвестиции.
- Важно е таквата инвестиција да го активира и покрене интересот на германските и другите компании да дојдат во Србија. Мислам дека тоа би било уште поважно доколку тие инвеститори би дошле, а не само да обезбедиме пари, заклучи Хан.
Ново на Сител
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
