-->
-->
Хан: Новата влада по изборите да реши за мандатот на СЈО
-->
Најпрво треба да има фер и транспарентни избори, според меѓународни стандарди и да се формира новата влада, па потоа таа да се справи со прашањето дали треба да се продолжи мандатот за поднесување на обвиненија на Специјалното обвинителство. Оваа порака попладнево на прес-конференција во Европската комисија ја испрати комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, одговарајќи на прашање за состојбата со обвинителството предводено од Катица Јанева со цел справување со скандалот со прислушување.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според Хан, има време и СЈО треба во моментов да работи, за што подоцна има потреба и од оценка, но повтори дека „сега треба да се фокусираме на изборите и формирањето на новата влада, па потоа да одиме кон следниот чекор“.
- Дел од договорот од Пржино е комплетна и сеопфатна разрешница на скандалот со прислушувањето, посочи Хан.
Запрашан зошто бара широка поддршка за работата на канцеларијата на Специјалниот обвинител, иако според последната независна анкета на јавното мислење во Македонија, таа има проблем со нејзината независност и 65 проценти од луѓето сметаат дека таа не е независна од причина што вработила 100 лица во својата канцеларија од кои 90 проценти се сегашни или поранешни членови на опозицискиот СДСМ, како и дека Специјалната обвинителка поднела неколку обвиненија што се целосно неиздражни и како очекува од општеството или од политичките партии да ја подджруваат, Хан со одговор: - „Јас не сум судија и не сакам да судам за работата на правниците. Таа треба да ја работи својата работа и потоа да поднесе фер резултати до јавниот суд и судот да поведе судење и да донесе пресуда. Мислам дека е важно за сите да се однесуваат на значаен, одговорен и професионален начин. Дефинитивно не е лесна ситуација, за земјата и за некои клучни лица во земјата, но верувам дека и тука е неопходен елемент за понатамошна нормализација на политичката ситуација во земјата. Затоа, се надевам дека сите се свесни за својата одговорност, да преземат потребни мерки и да се почитуваат меѓу себе во извршувањето на својата работа“.
Во однос на прогрес-извештајот за Македонија, еврокомесарот за преговори за проширување посочи дека тој инвестирал многу од сопственото време за решавање на долготрајната политичка криза која се уште не е решена.
- Договорот од Пржино, посебно изборите во декември се поширока можност да се надмине сето ова и тоа граѓаните на земјата го очекуваат. Кредибилни избори и независна работа на Специјалниот обвинител, како и Итните реформски приоритети се важни. Врз база на преземените позитивни чекори од страна на политичките лидери во земјата, ние сме подготвени да ја одржиме долготрајната препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ, со услов за кредибилни избори и целосна имплементаицја на Итните реформски приоритети, посочи Хан.
Еврокомесарот, како што е наведено и во извештајот, додаде дека Македонија, исто како и Србија е засегната од миграциската криза и дека земјата одиграла позитивна улога во нејзиното менаџирање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот