Хан: Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ
Додека Велика Британија оди кон излез од ЕУ, Западен Балкан врши притисок за отворање на вратата на Унијата. На пролет, може да биде дадено зелено светло од Брисел за отварање на пристапните преговори со Македонија и Албанија, пишува австрискиот весник „Курир“.
Дека Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ, според весникот, потврдил и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан на средбите со новинари од регионот неделава во Тирана, пренесува МИА.
Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер ја посочи 2025 година како можен термин за прием на нови членки на ЕУ, но според Хан, ниту една држава нема гаранција дека тогаш ќе се приклучи. Ако се поставува конкретерн рок, тоа може да биде опасност за земјите од Западен Балкан кои нема да го стигнат, да останат да чекаат и да назадуваат.
Процесот на пристапување е тековен реформски процес, а која држава најпрво ќе се придружи, не е одлучено, им пренел Хан на новинарите во Тирана.
Во февруари, Комисијата ќе претстави стратегија за Западен Балкан за натамошно зајакнување на европерспективата и за неопходните реформи во регионот. Очекуваната позитивна оценка за Македонија и за Албанија, кои и се на вистинскиот пат, треба да обезбеди основа земјите членки на ЕУ да го отворат патот за започнување на пристапните преговори со Скопје и Тирана. Бугарија ќе претседава со ЕУ во првата половина од 2018 година, а потоа следат Австрија, Романија, Финска и Хрватска - односно сите се држави кои се залагаат за евроинтеграција на Западен Балкан, наведува „Курир“.
Позитивен момент, кој бил посочен и на средбите на Хан во Тирана, е и подбрената клима во односите меѓу Грција и Македонија. Со тоа се отвораат можности во наредните месеци за евентуален крај на грчката блокада поради долготрајниот спор околу името со Македонија.
Во врска со Албанија, треба да се реши проблемот со илјадниците Албанци кои се уште бараат азил во ЕУ. Тоа влијае на имиџот на земјата и затоа мора да се промени, но тоа не може да се направи за година или две.
За замореноста од проширувањето во ЕУ, пак, за што исто така станало збор во Тирана, неопходно е лидерите и парламентите во земјите од Унијата да разговараат со нивните граѓани за придобивките од натамошното проширување. На пример, пред една и пол година, ЕУ ги отвори преговорите за пристапување со Србија. Тоа предизвика инвестициски бум таму, и по прв пат, луѓето почнаа се враќаат во својата татковина, пишува австриски „Курир“.
Ново на Сител
-
64-годишна жена нападнала малолетничка во Гази Баба
-
Тимови на Државниот пазарен инспекторат го контролираат спроведувањето на одлуката за цените на училишниот прибор
-
Приведено лице од Турција, при влез во државава во неговиот автомобил пронајдени два ножа, боксирач и палка
-
Во јуни издадени 213 одобренија за градење
-
Капацитетот на Армијата се зголемува, нови 29 оклопни возила од САД
-
17-годишник на мопед изгубил контрола и паднал, при што тешко се повредил
-
Кривична за 73-годишник од Битола, со остар предмет нападнал друго лице на автобуска станица
-
Приведен 42 годишен кумановец, возел со 91 километри на час на место каде што е дозволено 40