Хан: ЕУ мора да работи на нов пристап кон Турција
Европската унија мора да престане да ги следи активностите на Турција и да развие нов пристап кон неа, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за весникот „Зидојче цајтунг“, пренесува ТАСС.
- Мислам дека е време сите држави-членки да разговараат за тоа кои стратешки последици може да има ваквото однесување, вели Хан.
- Не може само да ги креваме рамената, туку треба да се пронајде нов приод и да се усвои таква долгорочна политичка стратегија, рече тој.
- Мешањето во предизборната борба, како и барањата за екстрадиција на наводни политички противници се неприфатливи, рече Хан.
Кон крајот од минатата недела германскиот писател од турско потекло, Доган Акханли, по барање на Анкара, за кратко беше уапшсен во Шпанија.
Турскиот реџеп Тајип Ердоган ги повика турските Турци во Германија да не гласаат на претстојните избори за трите главни партии, нарекувајќи ги „непријатели на Турција“.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“