-->
-->
Хан доаѓа утре во Македонија со Вајгл, Ховит и Кукан за да издејствува конечен договор
-->

Еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика, утре ќе допатува во Скoпје со цел да изнуди конечен договор за ставање крај на политичката криза во земјата.
Врз основа на договорената рамка до 2 јуни што токму тој ја посредуваше при состанокот со Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети во Скопје, Хан утре доаѓа засилен со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, со цел да се постигне одржлив договор што никој од засегнатите страни во Македонија нема да го изигра.
Според известувањето што денеска го издаде Европската комисија, Јоханес Хан ќе ја посети во текот на утрешниот ден Македонија „за средби со лидерите на четирите најголеми политички партии: Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи”.
- Средбите што ќе се одржат на 14 јули имаат за цел надминување на политичката криза во земјата. На нив, исто така, ќе присуствуваат олеснувачите од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, информира Еврокомисијата.
Она што е познато е дека по загубените 10 часови преговори во Стразбур пред два месеци, како и десетте часа во Скопје и 12-те часа во Брисел минатиот месец, утрешното доаѓање на комесарот Хан во Скопје е со цел за последен пат да се обиде да извлече договор на македонските политички лидери. За таа цел тој доаѓа со целиот посреднички состав на Европската унија за овој проблем, во кој се вклучени и тројцата европратеници што ја започнаа медијацијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Основа за постигнување на конечен договор, како што најави Маја Коцијанчич, портпаролка на Јоханес Хан е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува превземање на итнореформи во неколку области, што по предлог на Европската комисија веќе го спроведува македонската Влада и на крајот одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
