Хамонд: Потребна поголема разузнавачка соработка во Европа

Велика Британија смета дека убиствата во Париз покажаа потреба од соработка во областа на разузнавањето и безбедноста во цела Европа, со цел да бидат идентификувани и приведени исламистичките напаѓачи, изјави денеска во Тирана британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.
Тој рече дека Велика Британија ја зајакнала разузнавачката соработка со Франција по нападите и одговорила на сите барања на Париз, пренесува БТА.
- Не станува збор само за соработка со француските власти, станува збор за соработка во цела Европа со разузнавачките служби, со полициските органи, за да се осигура дека ќе ги најдеме овие луѓе, ќе ги идентификуваме и ќе ги спречиме да продолжат со нивните крвожедни планови, посочи Хамонд.
Тој рече дека има солидна законска основа за воена операција како во Ирак, така и во Сирија, и дека Велика Британија е подготвена да соработува со секоја сила за да се победат борците на „Исламска држава“.
- Доказите засега покажуваат дека Русија не е многу ангажирана во Сирија со уништувањето на „Исламска држава“, додаде тој. - Стигнавме до заклучок дека главната цел на Русија е да го поддржи режимот на (сирискиот претседател Башар) Асад ", смета британскиот министер.
Ново на Сител
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
-

Второ мислење за секоја кардиохируршка интервенција и во државно и во приватно здравство
-

Клиниката “Св. Наум Охридски” доби нова апаратура, а ќе се гради и Ургентен центар
-

Неколку критични точки низ државата по обилните дождови
