Хамонд: Британија е подготвена да разгледа други предлози за мигрантите од ЕУ

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави денеска дека Велика Британија е подготвена да разгледа и други предлози околу намалувањето на нивото на мигранти, во рамките на ЕУ.
Ваквата изјава доаѓа откако стана јасно дека Лондон се соочува со силна опозиција, кај земјите членки на Унијата, за британското барање да се блокира правото за барање социјални бенифиции за европските мигранти, на британска територија.
Хамонд вели дека британскиот план, да го блокира ова право, во период од четири години, од доаѓањето во Британија и почнувањето со работа, е „само предлог за на маса„ за преговарање.
Шефот на британскиот Форин Офис сега зборува оти Лондон е подготвен да сослуша и други идеи и алтернативни решенија, кои би го имале истиот ефекет.
Ова е прв пат, британската влада, јавно, да изрази подготвеност за компромис и да сослуша и прифати и други (туѓи) предлози од партнерите во Унијата, околу прашањето на мигрантите од ЕУ.
Неколку лондонски весници, меѓу кои и проконзервативниот „Сандеј Телеграф„ открија вчера дека премиерот Дејвид Камерон, се откажал од досегашното инсистирање за ограничување на мигрантите од ЕУ и правото на користење социјални бенефиции, за сметка на другите британски барања, за кои се верува дека би можеле да добијат подршка од европските партнери.
Кабинетот на премиерот во Даунинг стрит 10, вчера попладне го демантираше ваквото пишување, тврдејќи дека Камерон не се откажува од барањето за ограничивање на мигрантите од ЕУ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри
-

Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците
-

Безос: Вештачката интелигенција ќе отвори нови можности наместо да ги укине работните места
-

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“
-

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села
-

Почина Љупчо Грнчиштанов, инспектор обвинет во случајот „Пулс“
-

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
