-->
-->
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-->
Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, имаше инцидент на вториот ден од приватното тестирање во Барселона, објави „Моторспорт“.
Според изворот, Британецот изгуби контрола и удри во оградата на патеката за време на утринската сесија. Хамилтон возеше модифицирана верзија на „Ferrari SF-23“ од 2023 година.
Британецот не е повреден, додека болидот има оштетување на суспензијата и аеродинамичните елементи.
Забележано е дека тимот на Ферари во моментов анализира што се случило.
На 22 јануари, Хамилтон учествуваше на тренингот на Скудерија на патеката „Фиорано“. На крајот од минатата сезона во Формула 1, Хамилтон се пресели во Ферари од германскиот тим на Мерцедес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука