Хамас повика на нова Интифада против Израел
Палестинската исламистичка група Хамас повика на ново востание - Интифада против Израел, откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за израелски главен град.
- Треба да упатиме повик и да работиме на започнување Унтифада против ционистичкиот непријател, изјави во Газа лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, кој одлуката на Трамп ја нарече „објава на војна“.
Според него, таа одлука ставила крај на мировните договори од Осло и „го погребала мировниот процес на Блискиот Исток“.
- Изјавуваме дека Ерусалим е неделив, ниту Источен, ниту Западен, и ќе продолжи да биде главен град на Палестина, на цела Палестина, рече Ханија.
Палестинците на Западниот брег денеска штрајкуваат во знак на протест против одлуката на американскиот претседател, поради што се затворени се сите трговски центри, училишта и институции.
Ново на Сител
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана