Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
Хамас го прифати американскиот предлог за почеток на преговори за ослободување на израелските заложници, вклучително и војници и мажи, 16 дена по првата фаза од договорот чија цел е да се стави крај на војната во Газа, изјави извор од Хамас.
Милитантната исламистичка група се откажа од барањето Израел прво да се обврзе на траен прекин на огнот пред да го потпише договорот и прифати да се постигне договор за време на првата фаза од шестнеделните разговори, изјавил изворот под услов да остане анонимен, бидејќи разговорите се одржуваат во неофицијален формат.
Палестински функционер близок до мировните напори со меѓународно посредување, рече дека предлогот може да доведе до рамковен договор доколку Израел го прифати, со што ќе заврши деветмесечната војна меѓу Израел и Хамас во Газа.
Според здравствените власти во Газа, повеќе од 38.000 Палестинци досега загинале во конфликтот. Војната избувна откако Хамас изврши терористички напад врз јужен Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и зеде околу 250 заложници.
Изворот од Хамас рекол дека предлогот вклучува гаранции од посредниците за привремен прекин на огнот, испорака на помош и повлекување на израелската армија додека траат индиректните преговори за спроведување на втората фаза од договорот
Ново на Сител
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Русија ќе се брани со нуклеарно оружје доколку е цел на ракетен напад, Путин потпиша декрет