Хамас ги отфрла заканите на Абас
Заканите од палестинскиот претседател Махмуд Абас не можат да го натераат Хамас да ја предаде контролата над Појасот Газа, изјави денеска висок претставник на групата, Халил ал Хаја.
- Заканата на Абас за да преземе чекори без преседан за обнова на политичкото единство на палестинска територија нема да успее. Газа не може да биде заплашена и Хамас не потклекунува пред заканите, истакна ал Хаја.
Хамас воспостави контрола над Појасот Газа во 2007 година, која дотогаш беше управувана од Палестинската автономна власт под раководство на Абас. На тој начин Палестинците беа разделени меѓу две ривалски влади - едната во Газа, а другата во Западен Брег. Напорите за помирување засега се без успех.
Абас се обидува да изврши притисок врз Хамас, како намалување на платите на илјадници поранешни државни службеници во Газа и воведување на данок врз доставите на гориво за Појасот Газа.
Ал Хаја побара Абас да ги укине мерките.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи