Халими: Приоритет во патната инфраструктура е Коридорот 8

Изградбата на Коридорот 8 и на автопатот Скопје – Блаце ќе биде приоритет на Демократската унија за интеграции во следната година во делот на патната инфраструктура, изјави денеска заменик-министерот за транспорт и врски Ниметула Халими по средба со функционери од ДУИ на која ги анализираа постигнувањата во ресорите што ги раководат и планираните идни активности.
На средбата присуствуваа министерот за економија Беким Незири, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, како и пратеници од ДУИ во Собранието.
Заменик-министерот Халими информира дека го претставил прогресот во тековните инфраструктурни проекти истакнувајќи ги делницата Кичево – Струга, како и планираната изградба на патот Требеништа – Струга, за кои се подготвува техничка документација, а во кои ќе бидат вложени 45 милиони евра.
- Инвестициите во патната инфраструктура на Коридорот 8 достигнаа 390 милиони евра, а во железничката инфраструктура 70 милиони евра, истакна Халими.
На средбата станало збор и за активностите во комуналната инфраструктура. Општините Тетово, Липково, Гостивар, Желино, Струга, Теарце, Брвеница и Чаир, како што рече Халими, ги исполнија условите за користење грант во вредност од 6.750.000 евра од Европската инвестициска банка. Претставени се и проектите од станбената политика што ги спроведува Министерството за транспорт и врски за изградба на станови за социјално ранливи категории, за млади брачни двојки, лица со посебни потреби, самохрани родители... Досега, според Халими, се изградени 13 објекти со 660 стана, а годинава почна и изградба на станови во Гостивар и во Велес. Од 2016 до 2018 година е предвидено да се градат над 800 станови во општините Бутел, Сарај, Дебар и Куманово.
Како што информира заменик-министерот Халими, на средбата се презентирани и неодамнешните измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кои се продолжуваат роковите за доставување геодетски елаборати на досега поднесените барања за легализација, а се продолжува и рокот за поднесување нови такви барања.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
-

Адем Чучуљ е кандидат за претседател на ДКСК
-

На 28 ноември пресуда за моторџијата кој го прегази дедо Jуго
-

Во здравството во Македонија работат 32.383 лица – Има повеќе од двојно гинеколози од анестезиолози
-

Просечната плата во септември зголемена за 156 денари, статистика пресмета дека изнесува 45.466 денари
