Халанд по пет неделна пауза се враќа на теренот
– Најдобриот стрелец во редовите на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, е подготвен да се врати во натпреварувачки ритам, откако изминатите пет недели беше надвор од теренот поради повреда на бутниот мускул.
Тренерот на второпласираниот тим во Бундеслигата, Марко Росе, потврди за германските медиуми дека норвешкиот напаѓач ќе биде со екипата за денешниот дуел на гостински терен против Волфсбург.
– Ерлинг ќе биде во автобусот со нас. Изминатите неколку денови покажа видлив напредок. Добро се чувствува, но најмногу што може да очекувате е негов краткотраен престој на теренот, најави Росе. Халанд последен пат настапи на 19 октомври во поразот на Борусија на гостувањето кај Ајакс (0:4) во Лигата на шампиони. Дотогаш, на шест натпревари во Бундеслигата постигна девет голови и еден во Лигата на шампиони.
Ново на Сител
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова