Македонија
8. February 2023 - 21:15

Хакиран системот на ФЗО, нема исплата на боледувања

Фондот за здравствено осигурување веке неколку дена е во колапс поради хакерски напад, а надлежните не знаат кога системот ќе профункционира.  За целата ситуација не е информиран ни министерот за здравство.

Од Фондот, кој веке три дена не дава услуги,  смируваат дека  пациентите  непречено можат да се лекуваат на клиниките и кај  матичните лекари, со издавање упати и рецепти без застој и покрај  тоа што не функционира  електронскиот систем.

Експертски тим работи 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок.

Приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, а ФЗОРСМ веќе има издадени упатства кон подрачните служби за решенија со кои граѓаните тековно ќе ги остваруваат своите права, се вели во соопштението на Фондот.

Матичните лекари посочуваат дека проблеми сепак има, но се надеваат дека брзо ке се најде решение.

Ова не е првпат македонските институции да бидат мета на хакерски напад, во овој случај можен е упад во личните податоци на стотици илјади осигуреници .