Хакерите почнаа да објавуваат тајни документи на албанската полиција

Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ денеска објавија тајни податоци од системот на албанската полиција.
„По објавените досиеа од ТИМС системот и денешните од електронската пошта на доскорешниот генерален директор на полицијата, Гледис Нано веќе нема никаков сомнеж дека по кибернападите хакерите дошле до најголемите тајни податоци на полицијата“, констатира Топ чанел. Телевизијата додава дека она што е повеќе од загрижувачко е што тие располагаат со повеќе од 1.400 дојдовни и 1.200 испратени е-пораки од мејлот на Нано.
„Меѓу хакираните пораки, обележани како строга тајна е онаа испратена до Амбасадата на САД за планиран терористички напад врз Албанската амбасада во Атина на 25 април минатата година. Во неа се наведени детали за планираниот напад со експлозив од четворица албански екстремисти“, наведува телевизијата.
Под строга тајна се шифрираните, а сега објавени мејлови за планирани убиства на поранешниот лидер на опозициската демократска партија Ауљзим Баша и за косовскиот премиер Албин Курти, како и двајца други косовски функционери.
Објавени се и други податоци сите шифрирани како строга тајна за следење на опасни криминалци како и пораки кои се однесуваат на прашања од безбедноста. „Е- поштата е од 2021 и 2022 година. Објавувањето на овие тајни податоци ја преминуваат границата на заштитата на личните податоци со загрозување на националната безбедност“, заклучува Топ чанел.
Ново на Сител
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
-

Второ мислење за секоја кардиохируршка интервенција и во државно и во приватно здравство
-

Клиниката “Св. Наум Охридски” доби нова апаратура, а ќе се гради и Ургентен центар
-

Неколку критични точки низ државата по обилните дождови
