Гватемала побара помош однадвор за почеток на широк внатрешен политички дијалог
Владата на Гватемала соопшти дека по масовните протести во врска со нацрт-буџетот за 2021 година, побарала помош од Организацијата на американските држави (ОАС) за да почне внатрешен политички дијалог со „различните политички сили во земјата“.
Британските медиуми пренесоа дека илјадници демонстранти во саботата излегоа на улиците во главниот град на Гватемала, барајќи од претседателот на земјата, Алехандро Диаматеи, да стави вето на следниот буџет, со кој се намалуваат средствата за здравството, образованието и човековите права, особено по двете разурнувачки бури и среде епидемијата со коронавирусот.
Протестите во голема мерка беа мирни, освен што група радикали упаднаа во зградата на Конгресот и подметна пожар во неа, додека друга група се судри со полицијата која користеше палки и солзавец за да ги растера незадоволните граѓани.
„Претседателот изрази целосна отвореност да почне инклузивен дијалог што ќе придонес за воспоставување на разбирање меѓу различните слоеви на општеството“, соопшти владата, најавувајќи подготвеност да промовира „дијалог меѓу различни политички сили во земја“.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза