Гвардиола се спротивстави на ослободувањето на играчите во репрезентациите
Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола се спротивстави на ослободувањето на играчите во националните тимови за време на паузата за националните тимови во март.
– Ми се чини дека нема смисла да ги пуштиме играчите да одат во репрезентациите, така што ќе седат во изолација 10 дена откако ќе се вратат. Бесмислено е. Работевме напорно во текот на целата сезона, а по меѓународната пауза започнува најважниот дел. Ќе се случи најважните играчи, 6-10 фудбалери, да нема да можат да играат 10 дена. Нема да одат во репрезентациите, тоа е сигурно. Ако има можност да заминат во националните тимови, а потоа веднаш да се вратат на тренинзите со клубот, тогаш може, го цитира Гвардиола „ESPN“.
Паузата за меѓународни натпревари ќе трае од 24 до 31 март. Фудбалерите од англискиот шампионат кои ќе заминат во репрезентациите ќе мора да поминат карантин во траење од 10 дена по враќањето во Англија.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
