-->
-->
Гвардиола: По шесте трофеи со Барселона, секоја следна година ми се чини како неуспешна
-->
Јосеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, изјави дека по 2009 година, кога успеа да освои шест трофеи со Барселона, секоја последователна сезона му се чинеше како неуспех.
– Обично секоја година чувствувам дека не успеав, откако првата сезона со Барселона освоивме шест трофеи. После тоа, секоја сезона не успеав да го повторам тоа достигнување, изјави шпанскиот фудбалски стручњак.
Под водство на Гвардиола, Барселона освои шест трофеи во 2009 година – Шампионатот, Купот и Суперкупот на Шпанија, Лигата на шампионите, клупското светско првенство и Суперкупот на УЕФА.
После 21 коло, англиски клуб со 44 бода го завзема третото место во Премиер лигата. Клубот стигна и до осминафиналето на Лигата на шампионите, каде ќе игра со Реал Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган