-->
-->
Гвардиола: Не смееме да го потцениме Динамо
-->
Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола денеска изјави дека Динамо Загреб има квалитетен состав и дека на неговиот тим нема да му биде лесно на дуелот од Лигата на шампионите.
- Динамо е без пораз 45 натпревари по ред. Тоа покажува колку е добар е тој. Сите мислеа дека Арсенал ќе го добие Динамо Загреб без никакви проблеми, но откако го гледав видеото од мечот видов дека се работи за многу силен тим. Тие играа добро и организирано во одбраната. Нема да биде воопшто лесно за нас, рече Гвардиола.
Баерн вечер од 20:45 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен го пречекува хрватскиот шампион во вториот круг од групата Ф на Лигата на шампионите.
- Ние мораме да победуваме дома, а овој натпревар е одлична можност да се најдеме во добра позиција во пресрет на дербито со Арсенал. Верувам во мојот тим. Ние сме се подобри од натпревар во натпревар, додаде Гвардиола.
Тренерот на Баерн соопшти дека поради во составот ќе ги нема Видал и Себастијан Роде. Од друга страна, Гвардиола изрази надеж дека наскоро на теренот по долга пауза се враќа Франк Рибери и Арјен Робен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада