-->
-->
Гвардиола го бара Нојер
-->

Идниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, би можел во својот нов клуб да го донесе голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер. Англиските медиуми, пишуваат дека „Граѓаните“, биле подоготвени да го направат Нојер најплатениот голман на светот, односно неделно да му плаќаат 300.000 фунти.
Еден од најдобрите светски голмани, во Баерн пристига од Шалке во 2011 година, а неговиот договор со „Баварците“ истекува за една година. Според познавачите на приликите во германскиот фудбал, овој преоден рок е последна шанса Баерн да заработи нешто од трансферот на Нојер.
Покрај Нојер, Пеп Гвардиола, во Сити сака да го донесе и Роберт Левандовски, но таа негова желба најверојатно ќе остане неостварена, бидејќи Полјакот не сака да си замине од Минхен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
