Гужви за гориво во неколку градови - Бектеши: Паниката е несфатлива и се креира вештачки, горива и резерви има
Граѓаните да не паничат, гориво има, уверува министерот Бектеши, откако во текот на денот, но и вечерва на неколку бензиски беа забележани колони возила. Бектеши вели во добра состјба се и нафтените резерви и нема потреба од вакви гужви.
И од РКЕ потврдија дека нафтени деривати има и трговците редовно прават набавки, но дека дел од малите трговци се однесуваат не фер. За ова до нив пристигнале и поплаки од поголем број потрошувачи.
Некои бензински пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. За состојбата РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво непазарно однесување кое е недозволиво и забрането. Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија, велат од регулаторната комисија.
Денеска попладнево во Штип граѓани и до едне час чекале во редици на бензиските пумпи за да наточат бензин. Помали гужви можеа да се забележат и на некој бензиски во Скопје.
Пред три дена, цената на сите горива се зголеми за денат и половина. Дизелот чини 75,5 денари за литар и всушнот го достигна рекордот од пред 10 години. 98 се точи по цена од 86 денари, а 95 ката по 84 денари за литар. На светските берзи пак цената на нафтата достигна до 113 долари а барел. Нова корекција на цената на горивата ќе биде направена во понеделник.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар