Гужва на аеродром, пожарникари гаселе пожар на погрешен авион
Пожарникарите на еден кинески аеродром во јужниот дел од државата молскавично реагирале на пријавата за пожар во авион, па со пена прекриле погрешно летало по што неговото полетување го одлижиле за околу 10 часа.
На аеродромот во Фужо посадата на еден авион пријавила искрење на леталото по што осум пожарни возила реагирале итно и го полиле авионот кој се подготвувал за полетување со огромно количество пена за гасење пожар.
Проблемот бил во тоа што пожарникарите го згрешиле авионот па интервенирале со пена на погрешен авион полн со патници и подготвен за полетување.
Грешката е поправена па интервенцијата е повторена и на авионот чија посада првично пријавила проблем, но поради грешката авионот што по грешка бил гаснет доцнел со полетување околу 10 часа, додека не завршиле безбедносните проверки односно дали пената ги оштетила моторите.
Поради инцидентот се поместени вкупно 30 летови, соопштено е од управата на аеродромот кој им се извини на патниците поради погрешната интервенција на пожарникарите.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари