Свет
15. January 2024 - 8:53

Гувернерот на Курск тврди дека украински дронови биле соборени над руска територија

Системите за противвоздушна одбрана во рускиот регион Курск во близина на границата со Украина синоќа соборија три украински проектили, соопшти гувернерот на Курск, Роман Старовоит.

– Според прелиминарните информации, 3 украински проектили биле соборени над територијата на областа Фатежски од страна на дежурните сили за воздушна одбрана.

Им благодариме на нашите бранител, објави Старовоит на Телеграм. ДПА нагласува дека информацијата не може да се потврди од независни извори. Првично нема информации за жртви или материјална штета.

Ново на Сител