Бизнис
30. April 2018 - 16:24

Гувернерот Богов доби доверба од претседателот Иванов за уште еден мандат

Избор на гувернер навреме или нова темпирана бомба. Претседателот Иванов го прелдожи сегашниот гувернер Богов за уште еден мандат. Во соопштението од Кабинетот на претседателот велат дека во претходнито период биле извршени конусултации со сите релевантни фактори и со цел да се добие гувернер навреме предлогот е Богов.

– Водењето на монетарната политика и севкупното централнобанкарското работење во нашата држава, во континуитет е позитивно оценувано во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија. Од 2015 година па наваму, Народната банка на Република Македонија, според оценките на ЕК бележи одличен напредок во остварувањето на своите цели и задачи, во согласност и со законодавството на ЕУ, се посочува во соопштението.

Под релеватни фактори во соопштението од кај Иванов се наведени стопанските комори, здружението  за банкраство и МАНУ. Не е споменато дали претсдеателот се консултирал со политичките партии кои во Собрабнието ќе треба да го изгласаат новиот гувернер. Од СДСМ за Сител велат дека за ова прашање досега не се рагзоварало.

Од ДУИ пак од каде гласно го предлаа Фатмир Бесими велат дека ова е уште еден избрзан и неисконсултиран предлог на Иванов. За жал, тој  ја отежнува кохабитацијата во последните месеци од својата политичка кариера и не дава државнички придонес во овие пресудни моменти за нашето општество, велат од ДУИ.

Друго име кое се спомнуваше во јавноста за гуврнер е Кире Наумов од СДСМ, актуелен заменик министер за економија. Тој пред еден месец во статус на ФБ  напиша  Кој е најдобро решение за гувернер? Да нема гувернер!

Имајќи ја во предвид непремостливата деструктивна константа во овој процес со име Ѓорѓе Иванов, најдобро решение е да нема гувернер во наредните неколку месеци, додека не се избере нов претседател на државата на фер и демократски избори.

Отсуството на гувернер нема да се почувствува никаде. Впрочем, затоа и законодавецот пропишал неколку вицегувернери кои во наредните неколку месеци остануваат во полн капацитет.

Наумов напиша дека идната година граѓаните на Македонија ќе изберат нов претседател кој нема да биде во можност за предложи гувернер во слендите седум години доколку изборот се изврши сега.

„На Македонија во овој момент најмалку и се потребни екскурзии на економско-финансиски план. Доволно штета досега направи Ѓорге Иванов, аболиции на криминалци, незаконското недавање на мандатот за формирање влада, опструкциите во евроатлантските интеграции..... Нова темпирана бомба не смее да му се дозволи да постави, штетите ќе бидат големи!“, рече Наумов на ФБ.

Од НБРМ денеска кратко покоментираа дека веруваат дека изборот ќе се изврши навреме и соглансо Закон за Народна банка.