Гутиерес: Европа повеќе не е рај за новинарите
Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерес на Светскиот форум за демократија во Стразбур изјави дека Европа повеќе не е „рај” и безбедна средина за новинарите.
Тој додаде дека голем број новинари во моментот се наоѓаат во затвори и дека Турција стана најголем „затвор” за новинарите во Европа.
Според него, лошите услови довеле до зголемување на самоцензурата кај новинарите.
– Граѓаните ги доживуваат новинарите како чувари на демократијата, но овие чувари се чини дека ги загубија забите … Јас сум многу загрижен – рече Гутиерес.
– Тоа е пиратско новинарство – рече Гутиерес.
Форумот под наслов „Дали демократијата е загрозена во времето на информациите” се одржува од 6 до 8 ноември под покровителство на Советот на Европа.
На форумот присуствуваат претставници на медиумите, активисти и политички лидери од целиот свет.
Светскиот форум за демократија во Стразбур е единствена платформа за носителите на одлуки и активисти кои имаат можност да разговараат за клучните предизвици за демократиите ширум светот. Ова е осми по ред форум.
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР