Гутереш: Светот нема лидер кој ќе се справи со климатските промени

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека климатските промени се случуваат побргу отколку што човештвото успева да одговори на нив, а тоа е поради отсуството на лидерство во меѓународната заедница.
Изјавата на Гутереш аналитичарите ја оценуваат како критикв на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата одлука за повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор.
- Доколку сегашното ниво на испуштање на штетни гасови не се намали до 2020 година, нема да успееме да го запреме глобалното затоплување и да го задржиме под 1,5 степени. Зошто се климатските промени побрзи од нас? Еден можен одговор е дека ни недостасува доволно силно лидерство, кое ќе ги носи храбрите одлуки потребни нашето стопанство и нашето општество да остварат економски раст, но со мало согорување на јаглерод, изјави Гутереш.
Во своето обраќање пред Обединетите нации, Трамп во вторникот го поздрави успехот на САД да станат најголем производител на енергенси во светот.
- Во Америка ние сериозно веруваме во зачувувањето на енергетската безбедност за нас и за нашите сојузници. Веќе сме најголемиот производител на енергенси на лицето на Земјата. Соединетите Американски Држави се подготвени да ги извезуваат своите огромни резерви на нафта, чист јаглен и природен гас, изјави Трамп.
Ново на Сител
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
-

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори
-

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел
-

Мицкоски: Има кус пат до ЕУ, но со понижувачки предизвици, ние го избираме потешкиот, со кој местото ќе го заслужиме со квалитет и резултати
-

22-годишник се претставил како друго лице за да избегне сообраќајна казна
-

Прегазен 79-годишен пешак во Скопје
-

15-годишно мoмчe со нoж пробoдeлo врсник во училиште во Ченто
-

СЗО: Опремата за рехабилитација за Газа заглавена на граница
