Свет
24. January 2019 - 12:48

Гутереш со повик до Венецуела за дијалог за да се избегне катастрофа

 Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш, ги повика венецуелските политички сили за дијалог за да се избегне катастрофа во земјата.

– Се надеваме дека дијалогот е можен за да се избегне ескалација што води кон конфликт што ќе биде катастрофа за населението во земјата и за регионот, изјави Гутереш на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

– Ние сме загрижени за ситуацијата во Венецуела и за страдањата на населението во оваа земја, рече шефот на ОН во интервјуто објавено преку Фејсбук.