Гутереш повикува на итен дијалог во Венецуела
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика за итен дијалог меѓу венецуелската Влада и опозицијата за да се спречи „насилството, злоупотребата и фанатизмот“ и да се постигне договор за излез од политичката криза во рамки на Уставот.
Според него, нема да има решение за кризата ако “е наметнато однадвор“.
- Патот за излез од кризата е преку договор, избори и почитување на основните права и уставните одредби, изјави Гутереш. Тој додаде дека само жителите на Венецуела може да најдат решение, а меѓународната заедница да „поддржи мирна разврска заснована на политички дијалог“.
Повикот на Гутереш е ден пред одржувањето на симболичниот референдум организиран од опозицијaта за контроверзниот план на претседателот Николас Мадуро да го смени Уставот преку формирање ново Уставотворно собрание.
Повеќе од 90 луѓе загинаа во изминатите три месеци во Венецуела во протестите против власта на претседателот Николас Мадуро.
Ново на Сител
-
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара
-
Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје
-
Претпладне сончево, попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните