Гутереш го осуди воздушниот напад во Судан во кој загинаа најмалку 22 лица
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го осуди вчерашниот воздушен напад во Судан во кој загинаа најмалку 22 лица, стои во денеска објавеното соопштение на портпаролот на ОН, Фархан Хак.
Најмалку 22 лица загинаа, а многумина се повредени во воздушен напад на суданската армија во западен Омдурман, соопшти вчера Министерството за здравство во Картум, додека војната меѓу воените фракции во земјата влезе во својата 12-та недела.
„Генералниот секретар е згрозен од извештаите за широко распространето насилство и жртви низ суданскиот регион Дарфур. Тој, исто така, е загрижен поради извештаите за обновените борби на подрачјата Северен Кордофан, Јужен Кордофан и Синиот Нил. Хуманитарните и човековите права целосно се кршат, на опасен и вознемирувачки начин“, се вели во изјавата која ја објави Хак.
Гутереш го повтори својот повик суданските вооружени сили и ривалските сили за брза поддршка да престанат да се борат и да се обврзат на траен прекин на непријателствата.
Ново на Сител
-
ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција
-
Приведен 66-годишен маж осомничен за напад врз малолетник
-
Нападната 23-годишна девојка - скопјанец и го зел телефонот, чантата и насилно ја внел во возило
-
Нападната 56-годишна работничка во продажен објект во Карпош
-
Во сообраќајка загина 18-годишно момче од Виница
-
Судир меѓу четири возила на излезот од Прилеп кон Битола
-
Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се средства за платите во јавната администрација согласно колективните договори
-
Два нови пожара, кај Градманци и кај Негорци каде што огнот се приближува до првите куќи