Гутереш бара 35 милијарди долари за програма на СЗО за коронавирусот
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска побара нови 35 милијарди долари, вклучително и 15 милијарди долари во следните три месеци, за програмата „АКТ Акцелератор“ на Светската здравствена организација (СЗО) за поддршка на вакцини, лекување и дијагностика против Ковид-19.
Досега се собрани околу 3 милијарди американски долари, рече Гутереш на онлајн настан, нарекувајќи го „ситно финансирање“ кои изнесува помалку од 10 проценти од она што СЗО формално го нарекува Пристап до Ковид-19 алатки Акцелератор.
Финансиската поддршка досега заостануваше зад целите бидејќи нациите или владите, вклучувајќи ги и Европската унија, Велика Британија, Јапонија и САД, постигнаа билатерални договори за вакцини, принудувајќи ги Гутереш и генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус да побараат од земјите да дадат свој придонес.
– Сега ни требаат уште 35 милијарди долари за да се преминеме од придвижување кон зголемување и влијание, рече Гутереш.
– Без инфузија од 15 милијарди долари во следните три месеци, почнувајќи веднаш, ќе ја изгубиме шансата, додаде тој.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
