Гутереш: Арапски земји обединете се и помогнете и на Сирија
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ги повика арапските земји да ги остават на страна меѓусебните несогласувања и да помогнат во ставањето крај на шестгодишната граѓанска војна во Сирија.
Првиот човек на Светската организација тој апел го упати за време на посетата на кампот за сириски бегалци во Затарија во Јордан, еден ден во пресртет на клучниот годишен арапски самит, кој оваа година ќе се одржи во оваа земја.
- Поделбите меѓу арапските земји им дадоа поттик на терористичките групи овозможувајќи им на други да интервенираат или да манипулираат со ситуацијата, создавајќи нестабилност, потхранувајќи ги судирите и олеснувајќи го дејствувањето на терористичките организации, нагласи Гутереш.
Тој изјави дека сега повеќе врати се затворени за раселените и непомагајќи им на бегалците, светот несакајќи ги потикнува терористичките групи и ги зголемува глобалните безбедносни ризици.
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје