Густа магла на патиштата - внимавајте!

Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри има на патниот правец Жировница – Дебар – Струга, до 50 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и Велес – Неготино, до 80 метри на Неготино – Демир Капија и Неготино – Градско и од 50 – 100 метри на патиштата Штип – Велес, Штип – Кочани и Штип – Неготино.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Авиосообраќајот се одвива без проблеми. Откажан е само летот од и за Истанбул.
На патниот правец А1 Скопје – Гевгелија кај клучка Демир Капија, денеска од осум часот до 16 часот од страна на ЈП Македонија пат и ГЕИНГ ќе се извршува геодетско снимање. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Ново на Сител
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
