„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
Апликацијата „Гугл мапс“ за „Андроид“ и „Андроид авто“ доби надградба што со помош на вештачката интелигенција, ќе нуди попрецизни насоки како да се дојде до најблискиот полнач за електрични автомобили. Се работи за функции што, според познавачите, ќе овозможат полесна навигација, како и безгрижно и лесно планирање на долги патувања.
ВИ-алгоритмот собира кориснички коментари што содржат точни податоци за локацијата на полначот и како да се стигне до него. Описот може да содржи и дополнителни информации околу времето на чекање итн.
Додека електромобилот е во движење, „Гугл мапс“ ќе може да му предложи на возачот и други станици за полнење во близина. „Гугл мапс“ ќе може да нуди и план за долги патувања, на пр. со повеќе застанувања. Станиците за полнење електрични возила ќе бидат предложувани врз основа на нивото на батеријата, брзината на полначот и достапноста - сѐ тоа во реално време.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
