-->
-->
Гудни Јоханесон прогласи победа на претседателските избори на Исланд
-->
Независниот кандидат Гудни Јоханесон денеска прогласи победа на претседателските избори на Исланд.
Од досега преброените 32 отсто од гласачките ливчиња, Јоханесон освои 37,8 проценти од гласовите.
- Не се преброени сите гласови, но мислам дека сме победиле, изјави Јоханесон пред своите приврзаници.
Тој е професор по историја и само што влезе во политичкиот живот на Исланд.
На вчерашните претседателски избори учествуваа рекордни девет кандидати за шеф на државата. Претседателот на Исланд има главно церемонијални функции, но има влијание врз составот на владата.
Јоханесон ќе го наследи Олавур Рагнар Гримсон, кој по 20 години ќе замине од претседателската функција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија