Свет
26. јуни 2016 - 9:23

Гудни Јоханесон прогласи победа на претседателските избори на Исланд

Независниот кандидат Гудни Јоханесон денеска прогласи победа на претседателските избори на Исланд.

Од досега преброените 32 отсто од гласачките ливчиња, Јоханесон освои 37,8 проценти од гласовите.

- Не се преброени сите гласови, но мислам дека сме победиле, изјави Јоханесон пред своите приврзаници.

Тој е професор по историја и само што влезе во политичкиот живот на Исланд.

На вчерашните претседателски избори учествуваа рекордни девет кандидати за шеф на државата. Претседателот на Исланд има главно церемонијални функции, но има влијание врз составот на владата. 

Јоханесон ќе го наследи Олавур Рагнар Гримсон, кој по 20 години ќе замине од претседателската функција.