ГСОЛ избран за купувач на банкарските побарувања од ФЕНИ
Кредиторите на ФЕНИ Индустри Кавадарци, Комерцијална банка ад Скопје и Стопанска банка ад Скопје, денеска соопштија дека ја избрале понудата на ГСОЛ како купувач на нивните побарувања во кавадаречкиот комбинат.
Понуда за откуп на побарувањата имаше и од компанијата „Минстрој“.
- Ваквата одлука се заснова на целосна оценка на доставените понуди, роковите и условите за исплата на побарувањата, како и покажаната посветеност на овој инвеститор од почетокот на проблематичниот период за компанијата. Исто така, беше земено предвид дека „ГСОЛ" веќе ја исплати заостаната плата на вработените во „ФЕНИ Индустри", како и јавно објавената намера за соодветна исплата и на другите доверители кои имаат признаени побарувања во стечајната постапка на „ФЕНИ Индустри“, соопштија Комерцијална банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје.
Согласно условите од понудата, банките очекуваат целосната реализација на договорот за откуп на нивните побарувања да биде завршена до крајот на март 2018 година.
Како што појансуваат банките во соопштението, во целиот период, додека се вложувале напори да се пронајде најсоодветен инвеститор за сите доверители, се воделе разговори со голем број заинтересирани субјекти и на крај, последните денови, понуди за откуп на нивните побарувања од „ФЕНИ Индустри“ доставиле „ГСОЛ“ и „Минстрој“.
- Двете понуди беа сериозни, покажуваа посветеност и позитивни намери за обезбедување на иднината на „ФЕНИ Индустри", вклучувајќи и доказ за расположливи средства. По оценувањето на понудите, одлуката на банките е да се избере понудата на „ГСОЛ“ како купувач на нашите побарувања, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта