ГСМА: До крајот на годината над пет милијарди луѓе ќе имаат мобилен телефон
Повеќе од пет милијарди луѓе ќе имаат мобилни телефони до крајот на годината, се наведува во студијата на Светската асоцијација на оператори (ГСМА).
Извештајот објавен денеска на првиот ден од Светскиот конгрес на мобилна телефонија, што се одржува во Барселона, се посочува дека симболичниот праг од пет милијарди корисници на мобилни телефони треба да биде постигнат до средината на годината.
Се предвидува и дека до 2020 година мобилни телефони ќе имаат 5,7 милијарди луѓе или три четвртини од населението, пред се поради забрзаното снабдување на жителите на Азија, почнувајќи од Индија,
Уште еден знак на промена на употребата на мобилни телефони е што 55 проценти од корисниците ширум светот можат да користат мобилен интернер, а се очекува нивниот број до 2020 година да достигне 75 отсто.
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи