Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
Партијата „Коалиција за промени“ на платформата Х објави видео на кое се гледа како Ника Гварамија во бесознание е носен од неколку мажи, кои го држат за раце и нозете по улицата.
Полицијата во Тбилиси го уапсила лидерот на една од четирите главни опозициски партии во Грузија, Ника Гварамија, откако претходно бил претепан и онесвестен, соопшти денеска неговата партија.
Во соопштението се наведува дека Гварамија бил „фрлен во полициско возило и покрај тоа што бил физички нападнат и онесвестен“.
Оваа јужнокавкаска држава западна во политичка криза бидејќи Грузијците секојдневно се излезени на големи улични протести, поддржани од опозициските партии, против одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување на земјата во Европската унија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов