Грузиски суд наложи притвор за двајца опозициски лидери

Грузиски судови денеска наредија притвор за двајца опозициски лидери, додека во земјата продолжуваат протестите против замрзнувањето на преговорите за приклучување кон Европската Унија.
Ника Гварамија, лидер на најголемата опозициска партија „Коалиција за промени“, доби 12 дена затвор поради обвиненија за хулиганство и непослушност кон полицијата. Неговата партија тврди дека тој бил неправедно и насилно приведен.
На Алеко Елисашвили, лидер на партијата „Силна Грузија“, одреден е притвор од два месеци, под обвинение за напад на политичар од владејачката партија, што тој го негира.
Грузиските медиуми известуваат дека тој бил физички нападнат за време на приведувањето. Осум други опозициски активисти се обвинети за „организирано насилство“, дело што може да се казни со до девет години затвор.
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
