Фудбал
9. јуни 2022 - 22:48

Грузија ја совлада Македонија

Македонската фудбалска репрезентција вечерва во Скопје загуби со убедливи со 0:3 од репрезентацијата на  Грузија во рамки на 3.коло во Лигата на нации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа надиграни во второто полувреме од репрезентацијата на Грузија и ги загубија шансите за првото место во групата 4 од Лигата Ц, кое носи место во баражот за пласман на Европското првенство во 2024 година.

По три одиграни кола Гризија има максимални 9 бода, Македонија е втора со четири, додека Бугарија има два, откако вечерва одигра реми со Гибралтар. Аутсајдерот во нашата група го освои првиот бод, но и натаму останува на дното.

Во недела, Македонија повторно игра во Скопје и го пречекува Гибралтар во рамки на 4.коло.