Групата „Батаљон Имам Шамил“ ја презеде одговорноста за нападот во Санкт Петербург
Група под името „Батаљон Имам Шамил“ ја презеде одговорноста за неодамнешниот бомбашки напад во метрото во Санкт Петербург, во кој беа убиени 16 лица, и соопшти дека бомбашот постапил по наредба на Ал Каеда, јавија британските медиуми, повикувајќи се на набљудувачката група СИТЕ.
Тврдењето на оваа малку позната група првично го објави мавританската агенција АНИ, која често пати ја користат џихадистичките групи од западна и северна Африка за објавување на нивните соопштенија.
Во соопштението, објавено синоќа на сајтот на групата СИТЕ, се наведува дека бомбашот Акбарџон Џалилов, еден од „витезите на исламот“ во „Батаљонот Имам Шамил“, извел херојска операција...во градот Санкт Петербург, што се поклопило со посетата на злосторникот Путин“
Во соопштението се вели и дека нападот врз метрото бил одмазда за руското насилство врз муслиманските земји, меѓу кои како примери се наведуваат Сирија и Либија, но и руската република Чеченија.
- На руската Влада, која очигледно не извлекла поуки од поразот во Авганистан, и порачуваме: оваа операција е само почеток, а тоа што допрва следи ќе го фрли ова досега во сенка, со помош на Алах, се наведува во сооопштението, во кое се навестува дека во иднина против Русија ќе има уште убиствени напади, заклучуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид