Свет
20. March 2016 - 17:27

Група соработници на ОН го напуштија Мароко поради заостренат ситуација

Голема група соработници на мисијата на ОН за спроведување на референдумот во Западна Сахара отпатуваа денеска од Мароко, јавија локални медиуми.

Тие заминале кон Лас Палмас со авион обезбеден од ОН. 

Дел од соработниците на мисијата отпатуваа вчера од Мароко со редовни авионски летови.

Пред неколку дена мароканските власти наредија целиот персонал на ОН да ја напушти државата. Причина за таква одлука е тензичната ситуација околу Западна Сахара. Таа територија е под контрола на Мароко. Народниот фронт за ослободување (Полисарио) се бори за независност на Западна Сахара.