Македонија
7. May 2018 - 12:55

Група Македонки на хуманитарен настан во Солун против ракот на дојка

Група од 15 Македонки учествуваше на вчерашниот хуманитарен настан во Солун, на шестиот Sail for Pink за борба против ракот на дојка. Во организација на грчкото здружение на жени со рак на дојка, центарот на Солун вчера беше обоен во розово, а жените маршираа три километри од споменикот на Александар Велики, по шеталиштето, до солунската концертна сала.

Оваа година, прв пат се одржа и трка на шест километри, во која учествуваа неколку Македонки.

Солун Македонки

Како што јави дописничката на МИА од Грција, групата македонски државјанки, дел од нив вработени во нашиот конзулат, дел жени што живеат и работат во Солун, дадоа своја поддршка на хуманитарниот настан.

Група Македонки и лани учествуваше во маршот, предводени од тогашната конзулка на Република Македонија во Солун.