Македонија
27. July 2019 - 16:36

Група академици со издвоено мислење за договорите со Бугарија и Грција

Иритирани сме од грубиите интервенции и непознавање на истроијата од страна на политичарите, велат академиците кои го потпишаа соопштението во кое  го изразуваат несогласувањето со тоа како македонските власти и институции го толкуваат  историско и културно наследство под притисок на соседните држави. Со тоасе проблематизира и негира напиот идентите посочуваат тие.

Откажувањето од античката истоија е скандалозно само по себе , вели професорот Митевски, кој е специјализиран за оваа област, а се чини дека сега е на ред и илинденското востание, посочува академикот.,

Од вкупно 41 редовен и дописен член на МАНУ, писмото го попишаа деветмина академици. Според нив, ваквата иницијатива не е задоцнета, иако  комисиите за историски и образовни прашања кои работат согласно договорите со Бугарија и Грција веќе испораќуваат проблематични резултати.

Соопштението  го потпишаа  Катица Ќулавкова, Витомир Митевски, Зузана Тополињска, Ѓорги Поп Атанасов, Вера Битракова Грозданова, Ратко Јанев, како и од дописните членови на Академијата Марјан Марковиќ, Сашко Кедев и Александар Димовски