Грујичиќ: Србија е на прагот на епидемија на голема кашлица
Министерката за здравство Даница Грујичиќ денеска изјави дека Србија не е на прагот на епидемија на морбили, туку е на праг на епидемија на голема кашлица, јави дописникот на МИА од Белград.
-Од Нова година имаме околу 400 нови случаи на голема кашлица. Тоа е многу и моја молба до сите е да се вакцинираат децата според календарот што е законски предвиден. Преземаме непотребни ризици, изјави Грујучиќ при обиколката на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Таа рече дека наскоро ќе се одржи седница на Републичката комисија за заразни болести, на која ќе се одлучи дали бремените жени ќе се вакцинираат против голема кашлица, за да се заштитат децата до две години, бидејќи децата дури по наполнети две години почнуваат да примаат вакцина против таа болест.
-Најголемиот број заразени деца се на возраст од 10 до 14 години, но за среќа, нивната клиничка слика не е толку тешка како онаа на малите бебиња. Децата кои починаа не беа заштитени со вакцината, рече Грујичиќ.
На територијата на Белград од 5 до 11 февруари се регистрирани 51 нов случај на голема кашлица, а од март 2023 година до 11 февруари годинава се регистрирани 815 случаи на оваа болест, соопшти Градскиот институт за јавно здравје.
До вчера на територијата на Србија се пријавени четири потврдени случаи на мали сипаници.
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка