Македонија
18. May 2017 - 16:37

Груевски: Заев е единствен политичар кој потпишува гаранции, ние ќе го следиме будно секој негов потег

Потпишувањето гаранции за унитарноста на Македонија за Груевски е победа на граѓаните и неговата партија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека токму со долготрајниот отпор кон таканаречената Тиранска Платформа, Заев бил доведен во ситуација да потпише документ каков што досега не морал да даде ниту еден мандатар.

Многу од настаните од изборите до сега ќе биле избегнати доколку Заев многу порано се откажел од Платформата рече Груевски. Сепак тој најавува дека неговата партија ќе остане будно да следи дали новото мнозинство ќе го почитува дадениот збор.

ВМРО – ДПМНЕ веќе се согласи за одржување на локалните избори на 15ти октомври но пред два дена партијата порача дека очекува одржување и на предвремени парламентарни избори.