Македонија
13. August 2015 - 13:09

Груевски во посета на тетовскиот регион

Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во тетовскиот регион, каде ќе ги посети поплавените подрачја во Шипковица и во Мала Речица.

Владината служба за информирање соопшти дека Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на локалните патишта Долно Седларце-Брвеница, Брвеница-Челопек и Јегуновце-Ратае.

Во населено место Требош, според најавата, премиерот Груевски ќе ја посети и компанијата „Везе Шари“.