Груевски во Илинден: Рехабилитиран локалниот пат Илинден- Марино
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и градоначачникот на Општина Илинден Жика Стојановски денеска го пуштија во употреба новиот рехабилитиран локален пат Илинден-Марино во вкупна должина од 2.100 метри.
Во рамки на реализацијата на капиталниот проект за подобрување на локалната патна инфраструктура- изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на општинските улици и патишта, како и подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси во Општина Илинцен, извршена е комплетна рехабилитација на овој пат.
Покрај новиот асфалт на оваа делница од патот изведена е атмосферска канализација за прифаќање и одведување на атмосферските води, ископани се нови канали и поставени цевкасти пропусти, а поставена е и хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Вкупната вредност на овој проект е 22 милиони денари од кои 14,5 милиони денари се од агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а 7,5 милиони денари се средства од Буџетот на Општина Илинден.
Во рамките на реализација на овој проект извршена е и санација на мостот што ја поврзува улица „8“ со автопатот Скопје- Куманово и локалните економски зони.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ