Груевски: Владата планира да отвори Универзитет за национална безбедност
Нов универзитет за национална безбедност. Владата планира да отвори уште една државна високообразована институција кој ќе значи нов квалитет во зцврстување на националната одбрана и безбедоност. Во склоп на универзитетот ќе фунционира военета академија, мировните студии, други факултети и институти.
- Откако пред неколку години ја возобновивме Воената академија и на неа започнаа да работат повеќе студии кои продуцираат квалитетни кадри, сега се размислува да се формира универзитет за национална безбедност кој ќе биде составен од Воената академија, но ќе има и други факултети и институти, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашања по доделувањето на грантовите од Фондот за иновации.
Премерот Груевски посочи дека на последната владина седница биле донесени повеќе заклучоци во правец на основање на универзитетот за национална безбедност. Експертите од министерството за одбрана и акадамијата веќе подол период работата на елеборат за таа намена
- Со дополнителните заклучоци што ги даде Владата ќе им се даде дополнителна насока и правец да го продолжат и засилат своето работење во тој правец и штом ќе бидат готови документите треба да поминат на соодветни тела согласно законот, а потоа да дојдат и пред Владата и Парламентот за да се формира универзитет за национална безбедност, потенцира Груевски.
По најавата за отворање на интернационалниот технички универзитет Мајка Тереза во кој ќе се студира на три јазици, Универзитетот за национална безбедност е седмата високо-образован институција која ја основа државата.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар